Фудбал – СП Бразил 2014
Прекари за препознатливост!
27.05.2014 11:55
Светските првенства се повеќе од фудбал, полни со детали коишто немаат директна врска со резултатите, но им носат некоја друга, допонително привлечна димензија. На пример тоа се прекарите на репрезентациите учеснички. И во Бразил како и на Светските првенства од 1998-та во Франција ќе играат 32 селекции коишто имаат свои специјални имиња.
Алжир – „Пустински лисици“
Аргентина – „Гаучоси“ или „бело – сини“
Австралија – „Сокерус“

Белгија – „Црвени ѓаволи“
Босна и Херцеговина – „Змаеви“
Бразил – „Кариоки“
Чиле – „Црвени“
Еквадор – „Ла три“
Англија – „Гордиот Албион“ или „Три лава“
Франција – „Триколори“ или „Сини“ или „Галски петли“
Гана – „Црни ѕвезди“
Грција – „Небесно сино – бели“
Хондурас – „Лос Катрачос“ (луѓе родени во Хондурас)
Хрватска – „Ватрени“
Италија – „Аѕури“
Иран – „Принцови на Персија“
Јапонија – „Сини“ или „Сини самураи“
Јужна Кореја – „Црвени ѓаволи“ или „Воини“
Камерун – „Нескршливи лавови“
Колумбија – „Кафеџии“
Костарика – „Тикос“(луѓе родени во Костарика)
Мексико – „Ел Три“
Нигерија – „Супер орли“
Холандија – „Орање“
Германија – „Панцири“ или „Елф“
Брег Слонова Коска – „Слонови“
Португалија – „Селесао“
Русија – „Зборнаја команда“
САД – „Јенки“
Шпанија – „Црвена фурија“
Швајцарија – „Нати“ (Швајцарци на германски)
Уругвај – „Небесно сини“