ИЗРАЕЛ

Ракетен напад врз Израел

07.10.2023 09:15

Сирени за тревога се огласија низ целиот јужен дел, како и во пошироката област на Тел Авив...

Десетици ракети испукани од појасот Газа кон Израел, објавија израелските итни служби. Сирени за тревога се огласија низ целиот јужен дел, како и во пошироката област на Тел Авив. Израелската војска возвратила со ракетирање на цели во Газа. Има жртви и повредени. Прогласена воена состојба.

„Испративме единици на југ, сите единици за подготвени за блокади низ сите градови. Инструкциите за жителите во моментов е да се затворат во куќите, да ги заклучуваат вратите. Никој не треба да излегува бидејќи има ракетни напад“, изјави Коби Шабтаи, шеф на израелската полиција.

Палестинската група Хамас ја презедоа одговорноста за нападите, тврдејќи дека испукале 5.000 ракети кон Израел за 20 минути. Од кабинетот на премиерот Нетанјаху најавија дека шефовите на безбедносните служби закажаа состанок.