Нападнат регионот Одеса
Од друга страна, руската противвоздушна одбрана тврди дека соборила украински дрон во близина на Москва...

Руските сили го нападнаа регионот Одеса со противбродски ракети од типот „Оникс“, соопшти украинската армија. Од друга страна, руската противвоздушна одбрана тврди дека соборила украински дрон во близина на Москва. Во моментов интензивни борби се водат во правец на Доњецк, Красној, Лиман и Купјанск.
„На состанокот на штабот имаше армиски известувачи и сите функционери одговорни за одбрана на нашата енергија и зимската стратегија. Клучот е победата оваа зима и заштита на нашиот народ. А, исто така, локалните власти мора да ги завршат своите подготвителни работи“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Харков вчера повторно беше цел на руските сили, само еден ден по ракетниот напад на селото Гроза во кој загинаа 52 лица. Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации назначи тим за истрага. Москва негира дека цели на цивили.
