свет

Полска и Унгарија ја блокираа декларацијата за миграциска политика

07.10.2023 09:40

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел издаде посебна изјава во која се вели дека миграцијата е „европски предизвик кој бара европски одговор“ и дека ЕУ „ќе продолжи со сеопфатен пристап кон миграцијата“...

Полска и Унгарија ја блокираа декларацијата за миграциска политика на самитот на ЕУ во Шпанија. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел издаде посебна изјава во која се вели дека миграцијата е „европски предизвик кој бара европски одговор“ и дека ЕУ „ќе продолжи со сеопфатен пристап кон миграцијата“.

Тоа вклучува, меѓу другото, партнерства со земјите на потекло и транзит, решавање на основните причини за миграцијата, поефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ и одлучна борба против организираниот криминал.

Ставот од Брисел следи по напливот на мигранти на Лампедуза, по што некои – земји членки ги затворија границите.