Ковачевски: Има закони и нема потреба од лидерска средба
И власта и опозицијата зборува за парламентарни избори, но прашањето е под чии услови ќе се случат? За премиерот Ковачевски на потег е опозицијата да ги прифати уставните измени, во спротивно гласање ќе има во утврдениот рок. Лидерот на опозицијата Мицкоски повторно го стави предлогот на маса за лидерска средба но го повика собранискиот спикер Џафери да ги организира двете страни...

Власта и опозицијата продолжуваат секој во својот филм без наоѓање средина. Премиерот Ковачевски смета дека лидерска средба не е потребна бидејќи, вели тој за изборните процеси постојат закони. Иако вели дека не може да се игнорираат институциите, да се укине парламентот, партиите и на лидерска да се зборува за решенија за кои има закони, сепак тоа може да се стори само ако опозицијата ги изгласа уставните измени.
Мора да се подготви фер изборен процес вели опозиционерот Мицкоски образложувајќи го барањето за лидерска средба. За да не биде деградирано Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предлага на лидерската домаќин да биде собранискиот спикер Џафери.
За сега секој на својата страна, премиерот е за два одвоени изборни циклуси посебно претседателските и парламентарните, додека Мицкоски е за два во едно со цел заштеда на пари бидејќи еден изборен циклус чини до 10 милиони евра.
Миле Ристески
