Ограбена експозитура на „Македонска Пошта“ во Кисела Вода

27.05.2014 12:35

Крадецот насилно ја отворил влезната врата и одзел метален сеф во кој имало околу 100.000 денари...

Засега непознат сторител синоќа ја ограбил експозитурата на „Македонска Пошта“ на ул. „Сава Ковачевиќ“ во Скопје.

Крадецот, соопшти денеска МВР, насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел метален сеф во кој имало околу 100.000 денари.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот.