ЕУ Проширување

Руте: Важно е дали земјите ќе бидат подготвени за влез во ЕУ

07.10.2023 18:24

Според него, проширувањето е макотрпен процес, кој бара аспирантите да се усогласат со европското законодавство...

Проширување на ЕУ до 2030 година ќе биде можно единствено доколку земјите-кандидати бидат подготвени дотогаш, став на холандскиот премиер Марк Руте. Според него, проширувањето е макотрпен процес, кој бара аспирантите да се усогласат со европското законодавство.

Коментирајќи ја целта за 2030 година што ја постави претседателот на Европскиот совет, Мишел на Самитот во Шпанија, Руте вели дека прашањето е дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки.

Доколку се приклучат уште земји на блокот, донесувањето одлуки во Брисел ќе стане уште покомплицирано, смета холандскиот премиер.