МНР
Седуммина македонски државјани се во Израел, МНР апелира да ги почитуваат безбедносните протоколи
07.10.2023 18:39
Според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, седум македонски државјани се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег, којшто не е цел на нападите на Хамас...

Македонското МНР ги повика граѓаните кои се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти. Шефот на дипломатијата со осуда за нападите.
„Се проширува нашата солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“.
Според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, седум македонски државјани се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег, којшто не е цел на нападите на Хамас.
