мвр
Претреси во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер
07.10.2023 11:32
При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути...

Вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути. Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин.
Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство, информираат од МВР.
