мвр

Локализиран пожарот на планината Серта

07.10.2023 21:00

Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 22 тони вода...

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на планината Серта, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 22 тони вода.