Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

08.10.2023 08:40

Ќе дува умерен, а попладне долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (на места до 60 км/ч)...

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а попладне долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (на места до 60 км/ч). Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.