мвр

Приведен криумчар на мигранти на автопатот Гевгелија-Демир Капија

08.10.2023 09:45

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР...

Вчера околу 20 часот полициски службеници од РЦГР Југ-ПС за ГН Михајлово и ПС за ГП и ГН Богородица го привеле И.С. (23) од с. Корешница, кој со комбе „рено“ со кавадаречки регистарски таблички превезувал 30 мигранти. Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.