социјална политика

Донирањето вишок храна пред законско решение

08.10.2023 14:40

Пред донесување сме на Закон за донирање на вишокот храна. Владата спакува Предлог-закон кој треба да добие собраниска расправа. Почнавме пред четири години, но годинава се интензивираа работите. Досега не е регулирано како јавна дејност и Македонија ќе биде една од ретките земји во југоисточна Европа со законско решение …

Донирањето на вишокот храна на социјално загрозените граѓани и оние кои претрпеле непогоди, како законско решение е на половина пат. Владиниот предлог-закон во кој се уредуваат условите, начините и постапката за донирање, е пред јавна расправа. Основно мора да биде – безбедноста на храната и совесноста на дарителите кои во спротивно може да претрпат и казни. Од граѓанското здружение „Банка за храна“ кои од почеток учествуваат во подготовките, посочуваат на неопходноста од неговото донесување, а Македонија ќе биде една од ретките во југоисточна Европа“, истакна Душко Христов, од граѓанска организација „Банка за храна Македонија“

Ова е прво регулирање на помошта во храна како јавна дејност. Во земјава има околу 50 народни кујни но тоа е услуга на Министерството за труд и социјална политика.

Не може да се донира од домаќинствата или кетеринг службите.

 

Елизабета Митреска