Струмица

Во Радово отворен едукативен центар за деца од предучилишна возраст

08.10.2023 10:25

Со поддршка на УСАИД во населеното место Радово-Општина Босилово отворен е едукативен центар за деца од предучилиштен центар. Таму веќе се згрижени 20-тина дечиња и истиот ќе биде од голема корист за социјализација на децата од руралните средини а според амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер тоа ќе биде можност и родителите да работат …

20-тина дечиња од населеното место Радово од Општината Босилово почнаа да го посетуваат предучилишниот едукативен центар каде со помош на стручни лица учат, креираат и едуцираат за заедницата. Габриела Ташева веќе неколку дена го носи својот тригодишен син и вели дека е задоволно бидејќи има каде да го остави детето додека е на работа.

Едукативниот центар за деца во Радово е плод на соработката меѓу граѓанскиот и бизнис секторот како и институциите. Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер ја истакна важноста од соработка на сите локални актери.

Овој центар е втор проект финансиран од програмата на УСАИД во Општина Босилово. Градоначалникот Ристо Манчев како општина ќе ги поддржува проектите кои доаѓаат од граѓанските организации.

Центарот „Огражденски пеперутки“ е финансиран од УСАИД за развој на заедницата инициран од Локалната акциона група Беласица-Огражден и Мрежата за рурален развој.

 

Ване Трајков