свет

Авганистан: Расте бројот на жртви по силните земјотреси

08.10.2023 11:08

Од талибанската влада велат дека цели села се уништени, а стотици цивили и натаму се под урнатините. Бројот на жртви може да расте...

Над две илјади жртви во силните земјотреси од 6,3 степени по Рихтер што го погодија западен Авганистан. Од талибанската влада велат дека цели села се уништени, а стотици цивили и натаму се под урнатините. Бројот на жртви може да расте.

Ова е еден од најсмртоносните земјотреси што ја погоди земјата во последните две децении.