Се собраа најтрофејните!
Тренинг кампот на Бразил е под неверојатно обезбедување. Подготовките ќе траат 17 дена и веќе почнаа со лекарските тестови, додека првиот тренинг е закажан за в среда...

Во Бразил фудбалот бил над се, но тешката економска ситуација ги измеша чувтсвата. Домаќинот на прстстојното Светско првенство ги почна подготовките со подршка од навивачите, но и со протести на незадоволните. Стотина демонстранти кои протестираат поради преголемата сума државни пари потрошена за организацијата на Мундијалот, го опкружи, го забави и го излепи со пароли автобусот со кој репрезентативците на Бразил појдоа од Рио Де Жанеиро во тренинг кампот во планинскиот град Тересополис одалечен 90 километри. Демонстрантите главно ги сочинуваат професори и просветни работници кои бараат подобрување на образованието и на многу други сфери во социјалниот живот.
Сепак, во Тересополис бразилските ѕвезди беа дочекани со овации од „Торцидата“. Тренинг кампот на Бразил е под неверојатно обезбедување. Подготовките ќе траат 17 дена и веќе почнаа со лекарските тестови, додека првиот тренинг е закажан за в среда. Сите повикани се во кампот со исклучок на фудбалерот на Реал Мадрид, Марселоа кој доби дозвола да се приклучи подоцна.
„Во првите десет дена ќе работиме полека, а во поседните седум ќе го зголемиме интензитетот за да бидеме максимално подготвени за првиот натпревар на 12 јуни во Сао Паоло против Хрватска“. Првите неколку дена се исклучително важни затоа што лекарите ќе видат колку фудбалерите се физички подготвени“, изјави селекторот на „Кариоките“, Луси Фелипе Сколари.
Првата недела фудбалерите на петкратните светски шампиони ќе тренираат двапати дневно, а потоа ќе се преселат во Гојан кадешто на 3 јуни ќе одиграат контролен дуел со Панама. Генерална проба за Бразил за мечевите во Групата А во којашто се и Мексико и Камерун ќе биде натпреварот со Србија на 6 јуни во Сао Паоло.
Сколари најави дека многу важна ќе биде и менталната подготвеност, па за таа цел со фудбалерите ќе работи психолог, а во кампот повремено ќе бидат присутни и со актуелните репрезентативци ќе разговаараат некогашни членови на шампионските генерации на Бразил.
Иако ја избегнуваат секоја тема врзана за пари, фудбалерите веќе се договориле на кој начин ќе ја прераспределат евентуалната награда за освојување на светската титула којшто вкупно изнесува 25 милиони евра.
