свет

Парламентарни избори во Луксембург, регионални во германските покраини Баварија и Хесен

08.10.2023 16:40

Аналитичарите велат дека е можно премиерот Бетел по 10 години на власт да замине во опозиција...

Парламентарни избори во Луксембург. Граѓаните гласаат за избор на 60-члениот парламент. Според анкетите се очекуваат неколку опции за формирање на идната влада. Аналитичарите велат дека е можно премиерот Бетел по 10 години на власт да замине во опозиција.

Во германските покраини Баварија и Хесен се одржуваат регионални избори. Изборите се тест за владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц.