Собрание

Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на седницата на Комисијата за европски прашања

09.10.2023 08:32

Собраниската Комисија за европски прашања денеска организира јавна расправа на тема: „Владеење во функција на граѓаните во рамките на Комисијата за европски прашања“, на која е најавено обраќање на вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Како што се посочува во најавата, вклучувањето на политичките партии во процесот на креирање на Националната развојна стратегија (НРС) е особено важно за да се осигури вклучување на различните гледишта во финалниот документ, но и да се обезбеди континуитет во имплементирањето на стратегијата.

Основните цели на јавната расправа се следните: Краток преглед на НРС со акцент на соодветната стратешката област за НРС; Презентација на предложените системски промени и стратешки цели во соодветната област; Дискусија со членовите на Комисијата, други заинтересиран пратеници и експерти, академијата и претставници на граѓанското општество и бизнис-секторот и Заклучоци и следни чекори во процесот на подготовка на НРС.