Македонија

Бујар Османи денеска на работна посета на Туркменистан

09.10.2023 08:36

Министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, по реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, во рамки на обиколката на Централна Азија, денеска ќе престојува во работна посета на Туркменистан.

Како што соопшти МНР, посетата на Туркменистан е во рамки на остварувањето на дел од главните заложби од Програмата за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и поддршка на работата на теренските операции на ОБСЕ во земјите-учеснички од Централна Азија (ЦА).