Вечерва нов протест за случајот „Онкологија“
Се бара истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, како и целосна ревизија на работата на Онкологија...

Вечерва нов протест за случувањата на Клиниката за Онкологија. Се бара истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, како и целосна ревизија на работата на Онкологија.
Даријан Петров, активист, театарски актер, кој е дел од организацијата на протестите, во своето излагање на претходниот протест рече дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите. Организаторот Петров најави дека протести ќе се одржуваат секој понеделник во 18 часот.
