Меѓународниот филмски фестивал

Осмо издание на МФФ „КИНЕНОВА„ од 13 октомври

09.10.2023 09:15

Фестивалот ќе се отвори со долгометражниот филм „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асимина Проедроу во кој како копродуцент се јавува македонската куќа „Сектор филм“ и кој е добитник на 10 награди на годинешната церемонија на Грчката филмска академија...

Осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова ќе се одржи од 13 до 18 октомври. Фестивалот ќе се отвори со долгометражниот филм „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асимина Проедроу во кој како копродуцент се јавува македонската куќа „Сектор филм“ и кој е добитник на 10 награди на годинешната церемонија на Грчката филмска академија.

Организаторите информираа дека осмото издание во натпреварувачката програма МФФ Киненова носи осум драгоцени филмски стории на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, во она што ни е на дофат, и во она што е далеку од нас, во трансцендентното и во суровото реално

Киненова во својата осма едиција се обидува да ги одржи високо поставени стандарди во однос на програмата, бидејќи новите авторски филмски гласови се повеќе се присутни и силно одекнуваат како на филмските фестивали така и во киноприкажувачката мрежа низ Европа и пошироко.

Киненова годинава наградата за особен придонес во филмската уметност ќе му ја додели на српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.