Украина
Продолжуваат ракетните напади меѓу Киев и Москва
09.10.2023 09:25
Руската авијација изврши 12 ракетни напади врз украинските сили, Херсон беше гранатиран, а руската воздушна одбрана одби уште еден ракетен напад на Крим...

Продолжуваат ракетните напади меѓу Киев и Москва. Руската авијација изврши 12 ракетни напади врз украинските сили, Херсон беше гранатиран, а руската воздушна одбрана одби уште еден ракетен напад на Крим. Украинците очекуваат рекорден број напади со беспилотни летала оваа зима.
Министерството за одбрана на Русија, пак, соопшти дека нивните системи за противвоздушна одбрана собориле три ракети над регионот на Белгород и спречен е напад којшто украинската армија го планирала на Крим.
