Авганистан

ОН почнаа со дистрибуцијата на храна за погодените во Авганистан

09.10.2023 09:25

Почна дистрибуцијата на храна за погодените, потврдија од Светската програма за храна на Обединетите Нации...

Хуманитарните работници стигнаа до некои области погодени од земјотресот во западен Авганистан. Почна дистрибуцијата на храна за погодените, потврдија од Светската програма за храна на Обединетите Нации.

Спасувачките напори да се најдат преживеани под урнатините продолжуваат и денеска. Во двата потреса од 6,3 степени во Авганистан настрадаа над 2.400 луѓе, стотици илјади се повредени.