Мајами на триумф до големото финале!
Шампионот, шампионски го гради патот кон четвртото по ред НБА финале. Мајами е на победа да титулата најдобар на „истокот“ затоа што поведе со 3:1 во финалната конефернциска серија против Индијана. 102:90 втор домашен триум за „Хит“ којшто ниту во еден момент не беше оспорен. Домаќинот водеше во текот на целиот натпревар, а во последниот период и со највисоки 23 поени разлика.

Лаброн Џејмс го одигра најдобриот натпревар во оваа серија со 32 коша и десет скокови и со одлична одбрана над Ленс Стивенсон кој блескаше во третиот меч, а ноќеска постигна само 10 поени. Одличен дуел одигра и Крис Бош кој реализираше 25 коша, додека Двејн Вејд уфрли 15.
Најефикасни кај „Пејсерс“ беа Пол Џорџ со 23 и Дејвид Вест со 20 поени. Првата меч топка Мајами ќе ја има в среда во Индијана.
Ноќта што престои Оклахома на домашен терен ќе се обиде да израмни на 2:2 против Сан Антонио во финалето на западната конференција.