Сообраќај

МВР: 176 санкции викендов за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

09.10.2023 10:26

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 176 возачи...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 176 возачи, меѓу кои 85 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 19 возачи за управување под дејство на алкохол, 17 санкции за непрописно престигнување. Изречени се три санкции за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.