МКЦ

Изложба на фотографии „Македонските архитектурални скулптури“ од Ерина Богоева во МКЦ

09.10.2023 11:24

Вечерва во 20 часот во Галеријата 2 на Младинскиот Културен Центар ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Македонските архитектурални скулптури“ од Ерина Богоева.

Ерина Богоева преку фотографиите ја прикажува монументалистичката архитектура во целосната нејзина скулптуралност, комплетно извадена од временскиот и просторниот контекст.

Изложбата е поддржана од Министерството за Култура на Република Северна Македонија и Младинскиот Културен Центар.

Ерина Богоева е родена на 02.07.1988 во Скопје. Таа е самоук фотограф и активно се занимава со фотографија од 2007 година. Во октомври 2021 година, Ерина ја има својата петта самостојна изложба „Мистеријата зад женскиот поглед“ поддржана од Europe House Skopje, по што се одржува и дискусија инспирирана од изложбата, а посветена на жените во креативните индустрии во нашата земја. Истата година во ноември Ерина е дел од фотографската изложба на модното списание Vogue во Милано, преку VID фондацијата.

Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври.

Фото:/ Facebook EU за Култура