Маратон
Келвин Киптум постави нов светски рекорд во маратон
09.10.2023 11:48
Дваесет и тригодишниот Киптум оствари време од 2:00:35 часа и го собори досегашниот рекорд на Елиуд Кипчоге за повеќе од 30 секунди...

Кениецот Келвин Киптум постави нов светски рекорд во маратон, победувајќи на престижната трка во Чикаго.
Дваесет и тригодишниот Киптум оствари време од 2:00:35 часа и го собори досегашниот рекорд на Елиуд Кипчоге за повеќе од 30 секунди.
Ова е негова трета победа на исто толку настапи на маратоните, по оние во Валенсија во декември и во Лондон во април.
Фото:/ WGN
