Маричиќ на јавната расправа при Комисијата за европски прашања
Денес на јавната расправа при Комисијата за европски прашања за областа владеење на правото во функцијата на граѓаните Вицепремиерот Маричиќ, утврди четири предизвици што произлегуваат од стратешката област „Владеење во функција на граѓаните“ од рамката за подготовка на Националната развојна стратегија...

Денес на јавната расправа при Комисијата за европски прашања за областа владеење на правото во функцијата на граѓаните Вицепремиерот Маричиќ, утврди четири предизвици што произлегуваат од стратешката област „Владеење во функција на граѓаните“ од рамката за подготовка на Националната развојна стратегија, кои речиси целосно се совпаѓаат со обврските од преговорите за членство во ЕУ и со кластерите што ги опфаќаат владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната администрација.
Беше истакнато дека спроведувањето на Националната развојна стратегија, особено во првата деценија, ќе биде под силно влијание на карактеристиките на патот што треба да го изоди во пристапувањето кон ЕУ во периодот што претстои.
Во продолжение Вицепремиерот Маричиќ во однос делот на реформи во судството напомена дека работата на Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет е завршена и дека се очекуваат препораките.
За крај Вицепремиерот Маричиќ истакна дека е исклучително важно вклучување на сите политички субјекти, политичките партии, пратениците, Владата, како и важноста да се вклучат на и обвинителите, судиите, членовите на јавните институции, судскиот совет, академијата, невладиниот сектор за развојот на Националната стратегија за владеење на правото.
Од Секретаријатот информираат дека Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022, е завршена. Новата Стратегија е во завршна фаза на подготовка и нацрт верзијата ќе биде проследена на мислење до Европската комисија.
Јавната расправа на комисијата за европски прашања, ја водеше претседателот на комисијата г. Арбер Адеми по воведното обраќање на Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се обратија професорот Александар Стојков од правниот факултет, академик Владо Камбовски и професорката Беса Арифи, стои во соопштението од Секретаријатот.
