Здравје

Киви за подобар имунитет

09.10.2023 14:34

Содржи и антиоксиданси и е добар извор на влакна. Помага во лекувањето астма поради витаминот Ц и антиоксидансите. Го поттикнува варењето на храната поради големата количина влакна и ензими. Го подобрува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц...

Оптимално време за берба на киви е почетокот на ноември, овошје богато со хранливи материи како витамин Ц, витамин К, витамин Е, фолна киселина и друго.

Содржи и антиоксиданси и е добар извор на влакна. Помага во лекувањето астма поради витаминот Ц и антиоксидансите. Го поттикнува варењето на храната поради големата количина влакна и ензими. Го подобрува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц.

Го намалува ризикот од други здравствени заболувања, антиоксидансите го ублажуваат стресот кој доведува до различни заболувања, особено на кардиоваскуларниот систем. Го намалува крвниот притисок, содржи биоактивни работи кои можат да го намалат крвниот притисок како и да заштитат од мозочен и срцев удар. Спречува згрутчување на крвта и маснотии во крвта. Го штити видот, може да ја намали макуларната дегенерација на окото за 36%, за што придонесуваат високото ниво на зеаксантин и лутеин.

Кивите како што имаат придобивки имаат и свои ризици. Во ретки случаи, кивито може да го забави згрутчувањето на крвта со што би се засилило крвавењето. Ако имате нарушувања при крвавење или мора да се оперирате, избегнувајте киви.