16 дена – 16 картони!
Рекордни 16 картони, 12 жолти и 4 црвени беа покажани на осминафиналниот натпревар меѓу Португалија и Холандија на Светското првенство во Германија во 2006-та година.
Во натпреварот којшто е познат и како „Битка за Нирнберг“, Португалија славеше со 1:0 откако и двете репрезентации завршија со по девет фудбалери. Кај Португалија беа исклучени Костиња и Деко, додека во Холандија Буларуж и ван Бронкхорст. Судија на натпреварот беше Русинот Валентин Иванов.

Спротивно на овој меч, на две комплетни Светски пртвенства во 1950-та и во 1970-та не беше покажан ниту еден црвен картон.
До почетокот на 20-тиот Мундијал од 12 јуни до 13 јули во Бразил остануваат уште 16 дена.