Владеење на правото во функција на државата, дебата во Собранието
Нарушена доверба во судството, недоволна борба со корупцијата и ограничен напредок во реформата на јавната администрација – клучни области на кои им треба ремонт. Дебатата е во Собранието...

Владеењето во функција на граѓаните не е можно без доследна поделба на власта, ефикасната борба со корупцијата и заштитата на човековите права, пораки од дебатата во собраниската комисија за европски прашања, во рамки на националната стратегија за развој. Владеењето на правото значи спроведување на законите, што е услов и за повисок економски раст, оценија експертите.
Владеењето на правото е клучен дел од евроинтеграциите, посочи вицепремиерот за европски прашања. Маричиќ додаде дека работите што треба да се преземат ќе влезат во патоказот за владеење на правото.
Владеењето во функција на граѓаните е само фиктивно, а решенијата се предизборен маркетинг, став на опозицијата.
За добро владеење мора да се врати довербата во судството, да има ефикасна борба со корупцијата и реформа на јавната администрација.
Забелешките од дебатата за владеење во функција на граѓаните, мора да се внесат во националната стратегија за развој, за навистина да има напредок во државата.
Ирина Гелевска
