Правосудство

Блупринт групата се повлекува од изработката на новиот Кривичен законик

09.10.2023 16:48

Блупринт-групата на граѓански организации за реформи во судството се повлекува од понатамошно учество во изработката на новиот Кривичен законик. Причина – се чувствуваат злоупотребени, злоупотребено е европското знаменце...

Граѓанските организации за реформи во правосудството се повлекоа од учеството во изработката на новиот Кривичен законик. Според блупринт групата тие биле спротивни на владеењето на правото. Децидни се дека нема да учествуваат во процес каде граѓанскиот сектор се користи како алатка за давање легитимитет на нелегалното и на незаконитото.

Обвинија и за злоупотреба на ЕУ знаменцето, но, и за европското прави и казнената политика. Сметаат дека со ваквата нова политика на креирање закони, довербата кај граѓаните во институциите уште повеќе се поткопува. Според нив, со новите законски решенија, ќе треба да се искешираат милионски суми од буџетот откако ќе бидат донесени пресудите.

Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик е самостојна и не е вршено влијание кај претседателот или членовите, соопштија од Правда. Сметаат дека Блупринт не треба да избрзуваат со одлуката.

„Работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат. Процесот на изготвување на новиот Кривичен законик е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство“, велат од Министерството за правда.

Наведуваат дека обврска произлегува и од билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов Кривичен законик, усогласен со меѓународните стандарди.

 

 

Наташа Грковска-Петрушевска