Лустрација: Регистриран нов кодош

27.05.2014 13:30

Во комисијата, спротивтставени гледишта меѓу членот Дамјановски и претседателот Аџиев...

Регистриран нов кодош, утврди Комисијата за лустрација. Станува збор за поранешен уредник во Македонското радио.

Во комисијата, спротивтставени гледишта меѓу членот Дамјановски и претседателот Аџиев.

„Бил поранешен новинар и уредник одреден период во Македонското радио и давал информации до тајните служби за своите колеги новинари. Нив ги прател од идеолошко- политички побуди им давал информации на тајните служби“, истакна Аџиев.

Членот на комисијата Дамјановски, смета дека комисијата нема мандат некого да лустрира, да прогласи за соработник, или не, согласно Законот, член 39 став 2, дека мандатот престанал со истекот на времето за кое членовите се избрани.