Хамбург

Затворен аеродромот во Хамбург поради закани за напад

09.10.2023 18:17

Летовите од и до аеродромот во Хамбург биле привремено запрени откако властите добија закана во авион што долета од Иран...

Летовите од и до аеродромот во Хамбург биле привремено запрени откако властите добија закана во авион што долета од Иран.

Полицијата извести дека заканата пристигнала на електронска адреса за летот на линија Техеран-Хамбург.

198 патници и 16 членови на екипажот биле подложени на безбедносни проверки, бил проверен воздухопловот и багажот. По два часа, летовите и слетувањата продолжиле на аеродромот.

Од полицијата засега нема поконкретни детали за заканата.