Македонија
Денеска е Светскиот ден на менталното здравје
10.10.2023 08:52
Светскиот ден на менталното здравје оваа година се одбележува под мотото „Нашето психичко здравје – Наше право!“...

Светскиот ден на менталното здравје оваа година се одбележува под мотото „Нашето психичко здравје – Наше право!“. Северна Македонија ќе го одбележи овој ден во Градскиот парк во Скопје, придружувајќи се кон иницијативата „Менталното здравје како универзално човеково право“, предводена од Светската здравствена организација.
Овој ден е прилика за општествено обединување со цел подигање на свесноста, споделување на знаење и делување во интерес на подобро ментално здравје и добросостојба во заедницата, се наведува во соопштението на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје.
Фото:/ Јавно здравје
