Македонија

АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари

10.10.2023 09:44

Меморандумот за соработка со Сојузот на математичари на Македонија ја заокружи досегашната успешна соработка во која АСО преку обука даде поддршка на младите средношколци, одлични математичари, кои освоија бронзен медал на Меѓународната економска олимпијада што се одржа во соседна Грција...

Меморандумот за соработка со Сојузот на математичари на Македонија ја заокружи досегашната успешна соработка во која АСО преку обука даде поддршка на младите средношколци, одлични математичари, кои освоија бронзен медал на Меѓународната економска олимпијада што се одржа во соседна Грција.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе дава континуирана поддршка со обуки за финансиска едукација на младите математичари – средношколци. Воедно АСО, во рамки на своите надлежности и можности, активно ќе ги поддржува средношколците математичари на национални и меѓународни натпревари и олимпијади.

За реализација на тој процес АСО и Сојузот на математичари на Македонија (СММ) склучија Меморандум за соработка кој го потпишаа Крсте Шајноски, претседател на Совет на експерти на АСО и Ѓорги Маркоски, претседател на СММ. Сојузот на математичари е стручно здружение кое ги организира подготовките на нашите претставници за секоја економска олимпијада за средношколци – математичари.

АСО во ко-организација со СММ ќе организира обуки за зајакнување финансиската едукација на средношколците. Меморандумот опфаќа бројни заеднички активности за поддршка на младите математичари со особена акцент на нивната финансиска едукација и подоброто користење на финансиските производи и услуги.

Со овој меморандум се продлабочува и зајакнува соработката меѓу АСО и СММ која започна во првата половина на годинава. Тогаш стручни лица од АСО одржаа обука за нашите средношколци математичари и економисти имаа голем успех на кои на балканската олимпијада во соседна Грција.

Имено, во јуни годинава на Меѓународната економска олимпијада за прв пат нашите претставници се закитија со бронзен медал кој покрај индивидуалните резултати покрива и тимски настап во изработка на бизнис студија.

Преку овој проект АСО ја зајакнува и својата соработка со Природно-математичкиот факултет при УКИМ, кој е матична организација на математичарите од СММ.