Двајца повредени во сообраќајка кај Радовиш
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа по 21 часот на патот Штип – Радовиш. До несреќата дошло кога се судриле автомобил „рено“ со штипски регистарски таблички, управуван од 37-годишниот Н.К., кој немал возачка дозвола и се движел во правец од Штип кон Радовиш и комби „фиат дукато“ со кавадаречки регистарски таблички, управуван од 52-годишниот С.Ј. од Кавадарци, кој возел кон Штип. И двајцата се здобиле со скршеници по екстремитетите и повреди во стомакот.

Според последните податоци, повредените биле пренесени во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност.