Светски ден на менталното здравје
Според последната статистика од 2020 година околу 46 посто од нашите адолесценти покажале симптоми на почеток на нарушување на менталното здравје. Психолозите со апел за навремена превентива и откривањето на аномалиите во порана фаза. На Светскиот ден на менталното здравје битолските психолози во соработка со некои здруженија и Општина Битола го започнаа едногодишниот проект за оваа тема да стане поблиска до основците, средношколците и студентите на универзитетот …

Без ментална благосостојба нема правилен развој на индивидуата и ефективност во секојдневните обврски. Од анксиозност, стрес, депресија како полесни па се до несоодветно однесување во јавноста и самоповредувањето како потешки се дел од симптомите кој апелираат дека нешто се случува со ментално здравје на младата личност.
Психолозите велат причините можат да бидат од различна природа, но никако не смее проблемите да тлеат подолго време поради некаква предрасуда туку тие навремено да се детектираат и стручно превенираат.
Во таа насока тие со поддршка на некои здруженија и Општина Битола преку четири најсензитивни теми во училишта и факултети го започнаа едногодишниот проект врсничка школа за ментално здравје.
Проектот е добредојден ако се знае дека некои истражувања покажале дека Пелагонискиот регион е еден од водечките според незадоволството на младите кое може да се одрази и на ментален план.
Стевче Митревски
