Поднесена иницијатива до Врховен за аболициите на претседателот Иванов
Во Врховниот суд доставена иницијатива за утврдување на начелен став и правно мислење за повеќе прашања поврзани со кривичната постапка, меѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од поранешниот претседател Ѓорге Иванов...

Во Врховниот суд доставена иницијатива за утврдување на начелен став и правно мислење за повеќе прашања поврзани со кривичната постапка, меѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Иницијативата е поднесена од адвокатот Миле Наумовски.
Судот определил судија известител кој треба да го подготви рефератот, велат од институцијата за МТВ.
Ова е последната врата на која обвинетите опфатени и во истрагите на СЈО би завршил судскиот прогон, при евентуален позитивен начелен став, тоа би значело легитимирање на помилувањата што ги даде Иванов.
Доколку тоа се случи помилуваните функционери, на кои уште им се суди, меѓу кои и на поранешниот премиер Никола Груевски, би се спасиле од кривичен прогон.
