Потпишан договорот за стратешко партнерство помеѓу Филип Морис и Тутунски комбинат- Прилеп
со договорот се обезбедува директен пласман на Тутунскиот комбинат- Прилеп на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на Филип Морис. Долгорочен ефект од стратешкото партнерство треба да биде стабилизирање на работењето на Тутунскиот комбинат- Прилеп.

Во Владата на Република Македонија денеска беше потпишан договор за стратешко партнерство помеѓу компанијата Филип Морис и Тутунскиот комбинат- Прилеп. Текстот на договорот беше усогласен во април, а потпишувањето беше најавено по негово усвојување од Генералното собрание на Тутунскиот комбинат и завршување на изборите.
Договорот за заедничко вложување произлезе од објавениот повик за стратешко партнерство во јули минатата година. Најавено е дека стратешкото партнерство ќе се реализира преку формирање ново друштво со ограничена одговорност во кое Филип Морис Интернешнл ќе има 51% учество, а Тутунски комбинат- Прилеп 49%.
Новоформираното друштво ќе биде одговорно за производство, дистрибуција промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар.
Дополнително со договорот се обезбедува директен пласман на Тутунскиот комбинат- Прилеп на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на Филип Морис. Долгорочен ефект од стратешкото партнерство треба да биде стабилизирање на работењето на Тутунскиот комбинат- Прилеп.
