Украина
Нападите на фронтот во Украина продолжуваат
10.10.2023 14:02
На фронтот во Украина продолжуваат нападите. Руските сили уништија складишта за муниција во гранатирањето на Херсон и регионот Харков...

На фронтот во Украина продолжуваат нападите. Руските сили уништија складишта за муниција во гранатирањето на Херсон и регионот Харков.
Украинците велат дека го одбиле нападот кај Запорожје и постигнале делумен успех во правец на Бахмут.
Во Лиман и Торск, руската армија спречи пет непријателски напади. Претседателот Зеленски, во посета на Романија на разговори за безбедносната соработка во регионот на Црното Море.
