Тајван

Цаи Инг-Вен: Мирот со Кина е „единствената опција“

10.10.2023 14:08

Цаи Инг-Вен, во обраќањето на Националниот ден рече дека Меѓународната заедница ја гледа стабилноста во Тајванскиот теснец како неопходна...

Мирот со Кина е „единствената опција“, изјави тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен. Во обраќањето на националниот ден рече дека Меѓународната заедница ја гледа стабилноста во Тајванскиот теснец како неопходна.

Кина тврди дека Тајван е нивна територија и испраќа бродови и воени авиони преку Тајванскиот теснец особено откако властите во САД одржаа низа состаноци со Тајпеј.