Новини во кардиоваскуларните операции
Во заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид за прв пат е изведена интервенција на периферни артерии на екстремитети. Првите зафати беа изведени под супервизија на експерт од Австрија каде што претходно се обучуваше лекарски тим од Охридската болница.

Новите процедури за интервенција на периферни артерии на екстремитети ке овозможат нова ера во развојот на интервентната кардиологија не само во Охрид,туку и во Република Македонија, рече Д-Р Никола Бакрачески, при тоа посочувајки дека најголем дел од ваквите интервенции во минатото завршувале со бај-пас операции на екстремитетите.
Охридската болница е подготвена за примена на новите методи од интервентната кардиологија,рече Д-Р Адриасијан Уруоглу.
Вчера извршивме 5 интервенции,а денеска уште две.Сметам дека лекарските тимови и персоналот во Заводот за кардиологија во Охрид се подготвени самостојно да ги извршуваат овие зафати".
Специјалната опрема за изведување на новите методи ја обезбеди компанијата "Диутроник“,од каде што сметаат дека, иако лекарскиот тим е млад е добро обучен,со што регионот добива уште еден центар каде ке се извршуваат вакви сложени оперативни зафати.