Бесплатен паркинг на повеќе места на Грдаски паркинг, освен на Водно
За време на утрешниот празник, по повод 11 октомври, по повод Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање...

За време на утрешниот празник, по повод 11 октомври, по повод Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.
Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00 часот.
Јавните паркиралишта пак, Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.
