Македонија

Започнаа градежните активности за реконструкција на патот во викенд населбата Попова Шапка

10.10.2023 14:48

Патот во викенд населбата Попова Шапка кој е целосно руиниран, изграден пред повеќе од три децении, конечно започна да се реконструира. Во него освен Општината, ќе инвестираат и сопствениците на викендички...

Над 1.000 сопственици на викендички се соочуваат со овој руиниран пат во викенд населбата Попова Шапка.

На места нема ниту асфалт, коловозот е како офф-роуд делница.

Од Месната заедница на населбата велат дека досега властите не поставиле ниту грам асфалт, па одлучиле со сегашната локална самоуправа заеднички да инвестираа во неговата реконструкцијата.

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на патот, а ќе се гради нов пристапен пат од почетокот на викенд населбата, сè до нејзиниот горен тек. Шабан Минахи, сопственик на викендичка на Попова Шапка, вината за лошата состојба на патот ја впери и во граѓаните кои имаат имот во населбата.

Од Општина Тетово, посочија дека се работи за инвестиција од околу 300.000 евра. Кога ќе биде готов, како што посочија зависи од временските услови.

 

Зоран Димовски