Комисиска расправа за нов Деловник на Собранието
Почна процедурата за носење на Деловникот. Нема да има двојни толкувања и нефункционалност на Собранието – уверува Џафери...

Новиот собраниски Деловник наменет за работа на идните парламентарни состави влезе во собраниска процедура. Се укинува филибастерингот, решение сите комисиски расправи да траат максимум пет дена. Пратеник ќе може да зборува до 10 минути, а конститутивна седница на Собранието ќе трае три дена. Ќе се оневозможат попречувањето на работата и функционалноста на законодавниот дом – рече спикерот Џафери.
За новиот Деловник власта и опозицијата разговараа од 2018-та година-се согласија дека е потребен нов документ за работа, но во предложениот опозицијата гледа и преголеми ингеренции на собранискиот спикер.
И додека Џафери вели текстот е оптимален, но не е идеален, – се најавуваат амандмани за новиот Предлог деловник.
Миле Ристески
