Политика

Опозицијата бара лидерска средба за изборите

10.10.2023 17:07

Мицкоски, Касами и Димитриевски инсистираат на лидерска средба да се одреди ист датум за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, на маса да се најде и прашањето за техничка влада. Власта со став-Уставот и законите ги пропишуваат роковите...

Опозицијата бара лидерска средба, да се дефинира датум и во ист ден да се одржат претседателските и парламентарните избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со апел до политичарите да покажат зрелост, на маса да се стави и формирањето на техничката влада. Коментирајќи ги најновите анкети за јавното мислење, Мицкоски уверен дека партијата што ја предводи има двојна предност пред социјалдемократите.

Со исти барања и претседателот на БЕСА, Касами. Економската состојба во државата вели налага парламентарните и претседателските избори да се организираат во еден трошок. На иста линија и Максим Димитриевски, претседателот на новоформираното движење ЗНАМ за Македонија.

Премиерот Ковачевски рече дека останува на понудата од претходната лидерска, опозицијата да гласа за уставни измени и веднаш да се распишат предвремени избори посочувајќи дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

 

Викторија Милевска