Одбележување

Прилеп одбележува 82 години од Народното востание

10.10.2023 22:38

Со бројни настани, Прилеп го почна чествувањето за 11 Октомври - Денот на народното востание. На празникот, почит за загинатите борци и дејци од антифашистичката војна …

Со импровизиран напад на градот, со бројни настани и огномет, Прилеп чествува и одбележува 82 години од почетокот на Народното востание. Градот потсети на виорните времиња од почетокот на антифашистичката револуција, а граѓаните со порака – да не се заборави скапо платената слобода и пожртвуваноста на револуционерните генерации.

Се зголемува интересот да се осознаат историските придобивки, особено кај помладите генерации.

Во народната револуција Македонија дала 24.000 жртви.

 

Елизабета Митреска