свет

Авганистан: Нов земјотрес од 6,3 степени по Рихтер

11.10.2023 11:15

Властите ги преместија екипите за помош и спасување кои веќе се на терен по серијата смртоносни потреси во текот на викендот...

Земјотрес од 6,3 степени по Рихтер одново ја погоди западната авганистанска провинција Херат. Властите ги преместија екипите за помош и спасување кои веќе се на терен по серијата смртоносни потреси во текот на викендот.

Во земјотресите на 7-ми октомври загинаа најмалку 2.400 луѓе, соопшти талибанската влада.