Штип
Пензионерите не отстапуваат од барањата
11.10.2023 12:37
Штипските пензионери и денес на протест ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите. Апелираат до надлежните да скратат од непродуктивните трошоци и да обезбедат средства за достоинствени пензии за сите …

Никогаш не помисливме дека ќе бидеме ставени на маргините, ние кои ја градевме државата. Го бараме само она што ни следува, достоинствени пензии за пристоен живот, порачаа пензионерите и побараа оставка од министерката за труд и социјална политика.
Скапа храна и лекови, а минималните пензии зголемени само за десеттина евра, протестите продолжуваат и наредниот период.
Пензионерите од Штип искажаа разочараност од политичарите, кои како што рекоа, на нив помислуваат само пред избори.
Славица Величковска
